Ракометарите на Охрид 2013 вечерва забележаа висока победа против тимот на Прилеп 2010. Во Спортската сала „Билјанини Извори“, охридските ракометари победија со високи 30-22 во седмиот натпревар во ВИП машката Суперлига.
Охрид беше подобар противник од Прилеп. Првото полувреме беше неизвесно, но Охрид го доби во своја корист со резултат 12-9. Во второто полувреме Охрид 2013 успеа да прикаже уште подобра игра, со поефикасен напад, но и со поцврста одбрана. Разликата од 3 голови на полувреме на крајот стигна и до 8 голови предност за победа на Охрид со конечен резултат 30-22.
На табелата по 7 одиграни кола води Работнички со 18 бодови, пред Охрид со 15 бодови. Металург има исто така 15 бодови, но со два натпревари помалку и е единствениот тим без пораз во македонската ВИП Суперлига.
WebOhrid