Носителката на златен медал на првата табла, Антоанета Стефанова придружувана од првите луѓе на шахот во Македонија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Поводот е освоеното сребро на женскиот тим Гамбит Асеко на Европскиот клубски куп во шах кој се одржа во Скопје.
„Добрата организација на Европското клубско првенство во шах уште еднаш покажа дека во Република Македонија се негува шахот и спортот воопшто и дека Македонија е шаховска Мека, но исто така е показател дека шаховските работници уживаат огромно реноме во светските шаховски кругови. Во минатото имавме одлишни шахисти, 4 од нив се носители на највисокото спортско признание, односно спортска пензија. Исто така имаме одлична шаховска сегашност, и се надеваме на таква иднина во македонскиот шах. Искрено се надевам дека 500-те учесници на Европското клубско во Скопје се чуствуваа добредојдени и дека од нашата држава ќе однесат само позитивни импресии“, – истакна директорот на АМС Спасески.
„Иако не има од повеќе држави, нашиот дом е Македонија и шаховскиот тим Гамбит Асеко. Презадоволна сум од освоеното злато на првата табла и среброто за клубот за кој настапувам. Едно реми и четири победи, меѓу кои беше и Костењук е мој голем успех“, – изјави за новинарите Бугарката Антоанета Стефанова, поранешна светска првенка во шах.
„Организацијата на Европското клубско прванство претставува круна на досегашната работа на шаховските работници во Македонија и наша желба е организација на следната шаховска олимпијада. Освоеното сребро на женскиот состав на Гамбит Асеко е одличен успех, но не е за потценување ни шестото место на машкиот тим“, – изјави Зоран Стојчевски, претседател на шаховскио клуб-коорганизатор на Европскиот шаховски куп.