Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 586 578 МWh електрична енергија, 2.074 мил. nm3 природен гас, 449 298 тони јаглен и 91 098 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 62.86% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.73% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.