Индустриското производство во септември со раст од 8,6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 108.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015
година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 3.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.8%.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.5%, Капитални производи за 24.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.8%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот
јануари – септември 2014 година, изнесува 102.5.