Кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и ул.„Бистрица“ доби нов лик со засадување на цветните садници-хризантеми.
„Летниот цветен расад кој беше засаден на оваа зелена површина е отстранет, земјената подлога е обработена и оплеменета, а потоа се засадени нови цветни садници кои ќе го красат ова катче до зимскиот период“, информираат од претпријатието.