Претседателот Иванов во посета на Ватикан и Италијанската Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска ќе престојува во посета на Државата Ватикан и на Италијанската Република.

Претседателот Иванов утре, 31-ви октомври, сабота, ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост папата Франциск и ќе оствари средба со Државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Во рамки на посетата на Ватикан, сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова ќе ја посети детската болница Бамбино Џезу, која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.

При посетата на Италијанската Република претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе оствари средба со претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела.