Крка 72-68 МЗТ Скопје

Тимот на Крка ја прекина серијата на МЗТ Скопје од три победи по ред во АБА лигата. 

Во мошне изедначен дуел, МЗТ имаше добро прво полувреме, имаше водство и ја контролираше играта. На полувреме се замина со резултат 29-37 за нашите кошаркари.

Во третата четвртина Крка не само што го изедначи резултатот, туку направи и предност од 4 поени која до крајот се покажа како одлучувачка четвртина. Во последната четвртина видовме повторно изедначена битка, но предноста од третата четвртина остана за победа на Крка со резултат 72-68.

WebOhrid