Според истражувањето на „Аква“: „Комуналец“- Охрид поуспешен од „Комунално“- Струга

Според истражувањето на здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга, Ј.П.Охридски Комуналец со многу помал вработени и приближно за половина пониска цена, ја извршува успешно услугата за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад на територијата на општина Охрид, за разлика од ЈП „Комунално“ од Струга. Во Струга цената за физички лица по м² изнесува 4 денари, а во Охрид 2,4 ден. Во Струга 28 % од населението, односно 18 илјади жители, ги опслужуваат 120 вработени, додека пак во Охрид на 18 илјади жители се ангажирани 67 вработени.

Нивото на одржување на јавната и услужната хигиена секоја година се зголемува со целата флексибилност кон потребите кои се наметнуваат за Охрид како туристички центар. Се прошируваат услугите на „Охридски Комуналец“ на пошироко подрачје и се зголемува динамиката на подигнување на отпад. Со акциите кои се организираат од охридското Јавно претпријатие, на најтранспарентен начин им се помага на нашите сограѓани да се справат со кабастиот и зелениот отпад, без никаков надомест.