Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси.
Со намера да изврши кражба, на 10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према селото Октиси.
По четири дена од извршената кражба, од сега пријавениот М.Д. камерите се одземени, извршено е препознавање, а потоа се вратени односно предадени на претставник од џамијата.