Остануваат уште осумнаесет дена за апликации за наградата и повелбата „Свети Климент Охридски“

Остануваат уште 18 дена до крајниот рок – 20 ноември, за апликациите за највисоките општински признанија, наградата и повелбата “Св. Климент Охридски“. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и светот.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.