Деновиве во Охрид, престојуваше екипа на Радио телевизија Србија која снимаше серијал емисии со наслов „Гастрономад“. Емисијата има за цел прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со културно – историските знаменитости во Охрид.
Се снимија осум емисии кои во наредниот период ќе бидат емитувани на првиот и на сателитскиот канал на РТС. Емисијата „Гастрономад“ пред српската јавност се прикажува континуирано веќе шест години. Оваа емисија беше снимена во Охрид како резултат на заложбите на Локалната самоуправа која континуирано ги поддржува и поттикнува ваквите проекти кои имаат за цел промоција на Охрид.