Денес во СВР Охрид ќе биде релизирана крводарителска акција. Оваа хумана активност е во организација на Општинската организација на Црвен крст во соработка со охридската полиција.
Во периодот од 10 до 13 часот, повеќе полициски и други службеници во СВР Охрид ќе ја покажат својата хуманост и солидарност преку дарување на крв што живот спасува.
Акцијата „Дарувај крв, биди хуман“ќе се реализира во периодот од 10 до 13 часот во просториите на СВР Охрид – зграда Пожарна.