Награден литературен конкурс по повод 8-ми декември

По повод 8-ми Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески распишува Награден литературен конкурс за учениците од охридските основни и средни училишта.

Тема на конкурсот : „Охрид во чест на Свети Климент“

Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта од подрачјето на општина Охрид.

Се доделуваат две награди, една за најдобра литературна творба за учениците од основните училишта и една за најдобра творба за учениците од средните училишта.

Вредноста на наградата изнесува 3000 денари.

Конкурсот трае од 05.11.2015 година до 30.11.2015 година.

Творбите, во два примерока, под шифра и во затворен плик да се доставуваат на адреса : „Димитар Влахов“ бр.57 или лично во архивата на општина Охрид, со назнака: За Наградниот литературен конкурс за учениците од основните училишта, односно: За Наградниот литературен конкурс за учениците од средните училишта.

Авторството се докажува со третиот примерок и со потврда дека е редовен ученик во едно од основните или средните училишта од подрачјето на општина Охрид.

Наградите ќе бидат врачени на Свечената академија по повод: 8 -ми Декември – Денот на Свети Климент Охридски (зимен) – Патронот на Охрид.