Дечињата од „Јасна Ристеска“ учеа за безбедноста во сообраќајот

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со пароли и транспаренти се обидоа да ја разбудат свеста кај возрасните за почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбеден живот.

Децата во придружба на сообрајќаен полицаец се движеа и добиваа практични обуки за премин преку улица, се запознаа со сообраќајната инфраструктура и со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот.

Оваа  активност која е во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се реализира во соработка со Секторот за образование при Локалната самоуправа на Општина Охрид и Советот за безбедност во сообраќајот.

WebOhrid