Јавен повик за авторски тим

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Педагошка служба

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за авторски тимови за основно образование

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до Архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 11.11.2015 година. (пријавата може да се преземе ТУКА).
Министерството за образование и наука ги известува заинтересираните дека не е обврзано да склучи договор со авторските тимови.

Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

– Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VII одделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VIII одделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) IX одделение во деветгодишно основно образование.