Нова фекална канализација на крак од „Стив Наумов“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа градежни активности за изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“. Ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 и ќе се врши преприклучување на објектите на мрежата на потегот на кој се изведуваат активностите.

Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.