Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода за пиење во селото Требеништа.
„На терен прикрај се градежните работи на резервоарот за вода, каде што се врши оградување на резервоарот, преостанува уште поврзување на резервоарот со постоечката каптажа.“- информираат од Локалната самоуправа.
Новиот резервоар е со зафатнина од 150 кубни метри, изработен е од армирано бетонски ѕидови и армирано бетонски плочи, изведен на висинска кота од 735 метри надморска висина, со што се овозможува гравитационо снабдување со вода за пиење на селото.
Со изградбата на овој резервоар за вода трајно ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на селото Требеништа, со што ќе го подобри квалитетот на живот, како и поефикасно управување со ситемот за водоснабдување.