Честитка од ОО СДСМ Охрид по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија.

„Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 71 година ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше срцата на многу борци од партизанските одреди и ги водеше во бескомпромисната решителна борба да се истера непријателот од сопствениот град, од сопствената татковина. За жал, голем број од нив не дочекаа да го видат Охрид ослободен. Најголемиот дел од нив беа млади патриоти, чии имиња, јунаштво и дело останаа засекогаш врежани во спомените на генерациите, кои цели 7 децении ги уживаат благодетите на слободниот живот.“– стои во честитката.