На ИХФ конгресот што во текот на овој викенд се одржува во Сочи, Русија, делегатите од националните ракометни федерации едногласно ја потврдија кандидатурата на Македонија за организатор на машкото кадетско Светско Првенство (до 19 години) во 2019 година.
Делегацијата од Македонската Ракометна Федерација која присуствува на конгресот во Сочи, го предложи Скопје за организатор на Првенството. По презентацијата, Претседателот на ИХФ – Хасан Мустафа и членовите на Советот на ИХФ ја одобрија кандидатурата, а потоа и делегатите претсавници на националните федерации членки на Светската Федерација, едногласно ја прифатија.
Светското Првенство во 2019 во Скопје, ќе претставува петта организација на нашата земја на еден светски собир во млади категории. Последен пат, Македонија беше организатор на Светското Младинско Првенство во женска конкуренција во 2014 година, кога домаќини беа Скопје, Охрид и Струмица. Претходно, Македонија беше организатор уште на Светски Првенства во млади категории во 2008, 2007 и 2003 година.