Меѓународна размена на искуства околу правата на детето во Македонија и Србија

Во Краљево, Србија се одржа Регионална размена на искуства, во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Размената се организира во соработка со Центарот за правата на детето од Белград, а поддржано од Детската Фондација Песталоци. Ова е втора размена помеѓу Коалиција СЕГА и Центар за правата на детето. Првата беше организирана во Македонија во септември 2013 година. Целта на оваа размена беше да се увидат искуствата од примената на Индексот за правата на детето кој се спроведува во основните училишта во Србија од страна на Центарот за правата на детето а во соработка со Министерството за образование.

На меѓународната размена учествуваа директори од Македонија, од ОУ Битола- Емилија Николска Спировски, Кавадарци зам.директор Ристе Конев, зам.директор Марија Петровска, Куманово -дирек. Лидија Костиќ, Гостивар – Саше Шарески, Дебар – зам.дирек. Берзат Османоски и ОУ „Братство Единство“, Охрид – директорот Муамер Доко. Исто така учествуваа директорката на Пешталоци за МК, Азвија Мемедова, зам, дирек. на невладината ораганизација СЕГА – Прилеп, Томислав Гајтаноски, директорот на невладината организација YUMCA од Битола, Виктор Илиев и зам.дирек. на невладината организација АД од Гостивар, Моника Вељаноска.

Со оваа студиска посета претставниците од Македонија ги споделија своите искуства за примената на моделот Дете Правобранител во училиштата, додека претставниците од Србија го споделија своето искуство со примената на Индексот за детски права во училиштата, кој во наредниот период ќе се применува и во Македонија. Индексот за детски права претставува механизам за утврдување на приоритетните области за интервенција според Конвенцијата за правата на детето, а ќе им помогне на училиштата подобро да ги вклучат децата во подобрувањето на училишниот живот.

Беа посетени училиштата „Чибуковачки партизани“  и „Светозар Марковиќ“ во кои се применува проектот на Центарот за правата на детето и беа споделени практични искуства. Директорите Муамер Доко од училиштето „Братство Единство“ од Охрид и Весна Шапоњиќ „Чибуковачки партизани“од Краљево се договорија наскоро да биде потпишан меморандум за соработка помеѓу двете училишта.

Делегацијата оствари средба и со градоначалникот на Краљево, Томислав Илиќ, на која се дискутираше за понатамошна соработка во рамките на овој проект.

WebOhrid