Секторот за внатрешни работи-Струмица, преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН-Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С. (28) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.
Имено пријавениот и неговата девојка П.Ј. дошле во Радовиш на гости кај Јашар Р. кој му бил братучед на пријавениот. Иако планирале да престојуваат во Радовиш само еден ден, решиле да останат бидејќи биле сведоци на кавга и физичка пресметка помегу сега починатиот Јашар Р. и неговата сопруга, по што истата си заминала од дома.
На 02.11.2015 година околу 21.00 часот, пријавениот излегол до продавница, а за тоа време Јашар Р. и изјавил љубов на П.Ј. но бидејќи истата го одбила, ја удрил во пределот на главата. Пријавениот вракајќи се од продавница ја слушнал расправијата помеѓу Јашар Р. и П.Ј. по што започнал расправија со сега починатиот која подоцна преминала во физичка пресметка. Кога настанала физичката пресметка П.Ј. отишла во ходникот, бидејки пријавениот и кажал да се потргне и во еден момент видела како Јашар Р. паднал на земја додека пријавениот со клоци ударал по него, а потоа и го притиснал со нога на вратот. По настанот Д.С. и П.Ј. излегле од куќата и пријавениот ја заклучил влезната врата и заминале за Прилеп.
По пријавување на настанот од страна на полициски службеници од СВР-Струмица, превземени се сеопфатни мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан. Пријавениот е пронајден. лишен од слобода и по целосно расчистување на настанот предаден на јавниот обвинител. На предлог на јавниот обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.