Расте бројот на издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2015 се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 182 150 илјади денари, што е за 6.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8%) за објекти од нискоградба и 80 (25.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40.2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 35 189 м2.