Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со разубавување на зелените површини во градот со засадување на цветниот материјал кој ќе ги краси парковите во доцниот есенски период, зимската сезона, па се до пролетта. Планирано е да се засадат околу 35.000 садници од видот viola (очиња) од сопственото производство.
Благодарение на издржливоста на пониски температури виолата-оче ќе ги освежи парковите во престојниот период, а ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, новиот мини-плоштад кај Музичкото училиште, новата патека после каналот Студeнчишта итн.