Одржан традиционалниот ноемвриски крос во Дебрца

Во рамките на одбележување на Патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ денес пред општинската зграда во с.Белчишта се одржа 11-ти ноемвриски атлетски крос, на кој учествуваа 110 ученици.

Секретарот на општина Дебрца, Илија Дуклески најдобрите учесници на кросот ги закити со медали, а наградите ги додели Директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски.

Победници на кросот се:

Одделенска настава:

Женска конкуренција: Машка конкуренција:

1.Андријана Огненоска 1.Ненад Левески

2.Јана Сиљаноска 2.Димитар Митрески

3.Тамара Трајческа 3.Зоран Николоски

Предметна настава:

Женска конкуренција: Машка конкуренција:

1.Росана Силјаноска 1.Даниел Цветаноски

2.Мартина Чолеска 2.Антонио Војдиноски

3.Марија Паункоска 3.Цветан Блажески

Голем придонес во организацијата на овој крос дадоа наставниците по ФЗО Љупчо Ѓуроски и Дивна Бутеска.