Европската комисија денеска го објави Извештајот за напредокот на Република Македонија, според кој нашата земја по седми пат во низа доби препорака за почеток на преговорите за членство во Европската унија, овојпат условена со целосно спороведување на јулскиот политички договор од Пржино и реализирање на препорачаните реформи.
Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, истакна дека на ова прашање ќе се навратат повторно по изборите, закажани за 24 април 2016 година.
Во Извештајот повторно се апелира за решавање на спорот со името, подобрување на меѓуетничките односи и намалување на невработеноста.
Покрај за Македонија, Еврокомисијата денеска ги презентира и прогрес-извештаите за Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и Косово.