Вчера издадени 5.337 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.11.2015 издадени се потврди на вкупно 5.337 странски државјани, од кои 2.588 се од машки пол, 908 се од женски, 1.523 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 318 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.196, Авганистан–763, Ирак-779, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 09.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 230.248 странски државјани, од кои, 137.735 се од машки пол, 34.296 се од женски, 46.506 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.711 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-146.121, потоа Авганистан-48.716, Ирак-17.969, Пакистан-4.822, Иран-4.522, Палестина-1.918, Сомалија-1.181, Бангладеж-1.054, Мароко-572, Конго-509, Алжир-329, Либан-335, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 09.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.11.2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилни тимови на Црвен крст

08.11/ 21 ч- 09.11/21ч

Табановце

Укажана прва помош на 394 лица
Дистрибуирана вода 525 литри
Дистрибуирани пакети со храна 17
Дистрибуирани пакети со хигиена 12
Дистрибуирани бисквити 4 пакувања (х 100)
Дистрибуирани пелени 16
Дистрибуирани ќебиња 28
Дистрибуирана крема за бебе 23

Гевгелија

Укажана прва помош на 830 лица
Дистрибуирана вода 1152 литри
Дистрибуирани пакети со храна 108
Дистрибуирани бисквити 30 пакувања (х 100)
Дистрибуирани ќебиња 155
Дистрибуирани чорапи 60 пара
Транспорт 3 лица.