Емисија за Охрид на Ал Џезеира

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе биде гостин во третата епизода од серијалот „Алхемија на Балканот – Македонија” што ќе се емитува утревечер (четврток) со почеток во 21:30 часот на светската телевизија Ал Џезеира.

Утрешната емисија на „Алхемија на Балканот“ е целосно посветена на Охрид, градот во кој се вкрстуваат природните убавини и културната историја.

Во емисијата ќе се зборува за Охрид – некогаш и сега, за неговиот развој и за туризмот како една од најбитните стопански гранки.

Утревечер на Ал Џезеира ќе се прикажат убавините на Охрид, традицијата, храната и многу други нешта кои го прават единствен во Светот нашиот град.