Вчера издадени 4.060 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.11.2015 издадени се потврди на вкупно 4.060 странски државјани, од кои 2.032 се од машки пол, 751 се од женски, 936 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 341 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.099, Авганистан–1.116, Ирак-446, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 238.752 странски државјани, од кои, 142.091 се од машки пол, 35.852 се од женски, 48.610 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12.199 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-150.164, потоа Авганистан-51.457, Ирак-18.911, Пакистан-4.887, Иран-4.864, Палестина-1.984, Сомалија-1.233, Бангладеш 1.075, Мароко-698, Конго-510, Алжир-362, Либан-377, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 12.11.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
10.11/ 21.00 ч. – 11.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на : 261 лицe
Вода 178 лит.
Пакети со храна: 19
Пакети со хигиена:4
Бисквити: 57 кутии ( х 100)
Бебе сет 6
Ќебиња: 150
Пелени за бебе: 13
Млеко за деца 7
Чоколадно млеко 48
Влажни марамици 6
Рефус храна: суво грозје, сардини, двопек
Сендвичи од Прокредит банка- 200

Гевгелија
Укажана прва помош на : 653 лица
Вода 2082 лит.
Пакети со храна: 234
Пакети со хигиена:11
Бисквити: 10 кутии ( х 100)
Бебе сет 12
Ќебиња: 565
Чорапи 6 пара
Чоколадно млеко 48
Транспорт 4 лица.