По повод празникот „13ти Ноември“- денот на ослободување на Скопје, делегација на Владата на Република Македонија предводена од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје.
На настанот освен делегацијата на Владата на Република Македонија, цвеќе положија и делегации на Град Скопје, високи државни делегации, Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, претставници од Армијата на Република Македонија, претставници на општините на Град Скопје, како и членови на други институции.