СДСМ: Дали следната пресечена лента од страна на Груевски ќе биде свечено отворање на лифт?

ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„Груевски ја изгуби поддршката од граѓаните.

За тоа говори слабиот одѕив на граѓаните за време на неговата посета на Охрид но и неговите барања до цела администрација за присуство на настаните од агендата на Никола Груевски.

Скандалот што се случи вчера во Охрид, кога на вработените во градинките и училиштата по електронска пошта им било испратено барање за присуство на агендата на Груевски покажува колку е осамен.

Во 21 век Никола Груевски се уште се занимава со фекални канализации и најави за базени. Никола Груевски самиот се сведе на смешна замена на своите градоначалници.

Со тоа самиот Груевски потврди дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна да ги исполни основните обврски кон граѓаните а тој е не заслужува да биде на било каква одговорна функција.

Дали следната пресечена лента од страна на Никола Груевски ќе биде свечено отворање на лифт?

Едно е јасно. Времето на Никола Груевски помина. Збогум Никола!“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.