Уште една победа за КК „АВ Охрид“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа уште една победа во Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридските кошаркари го совладаа тимот на Воднањски лисици со резултат 78-68.

По четири одиграни натпревари, екипата на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората лига, со четири победи (8 бодови) и со 363 постигнати кошови.

WebOhrid