Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува секоја трета недела од ноември – за сеќавање на многу милиони жртви и повредени на патиштата во светот, заедно со нивните семејства, пријатели и многу други, кои исто така се погодени. Тоа е ден на кој им се заблагодаруваме на службите за итни случаи и сите засегнати со огромниот товар и цената на ваквите видови незгоди за семејствата, заедниците и државите, и за начините како да се намалат ваквите последици.

Смртните случаи и повреди на патиштата се ненадејни, насилни, трауматски настани. Нивното влијание е долготрајно, често остава трајни последици. Секоја година, милиони новоповредени и ужалени луѓе од секој агол на светот се додаваат на безбројните милиони кои веќе страдаат. Тагата и болката која се доживува од овој огромен број на луѓе е уште поголема затоа што многу од жртвите се млади. Многу од несреќите може и треба да се спречат и затоа е потребна акција од страна на владите и на општеството.

Затоа, ова е посебен ден за сеќавање и е наменет за да се одговори на големата потреба на жртвите во сообраќајните несреќи, за јавно признавање на нивната загуба и страдање. Исто така, овој ден стана важна алатка за владите и оние кои работат за спречување на несреќите или да одговорат на последиците. Многу различни комеморативни настани се одржуваат за секој Светски ден, или неколку дена пред или потоа.

Оваа 2015 година, се одбележува 20-годишнината од набљудувањето на Светскиот ден на меѓународно ниво и на 10-годишнината од неговото донесување од страна на Обединетите нации.

Сега Светскиот ден се одбележува на сите континенти – не само од страна на невладини организации, туку и од страна на владите и сите сродни и релевантни засегнати страни. Веб-страната на Светскиот ден worlddayofremembrance.org имаше 35.000 посети од 188 земји во изминатата година, а за Светскиот ден во 2014 година евидентирани се 82 настани од 41 земја.

WebOhrid