Во тек е изградба или реконструкција на 8 регионални патни правци во земјава во дожина од 119 километри. Инвестицијата е околу 41,8 милиони евра. Се планира почеток на уште 16 регионални патни правци во доолжина од 276 километр, во што ќе бидат инвестирани 388 милиони евра, истакна премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека дел од овие патишта ќе почнат да се градат до крајот на оваа, а дел во следната година.
„Во тек на изградба или рехабилитација се 8 регионални патни правци со должина од 119 км и инвестиција од 41,8 милиони евра. До крај на 2015 и во текот на 2016 година планирани се за изградба и реконструкција 16 нови регионални патни правци во должина од 276 км и проценета инвестиција од околу 388 милиониевра. Идниов период до 2015 ќе отпочнат граджени активности меѓу другите и на Бошков мост – Дебар, Мелнички Мост – Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Делчево-Голак… Ние вложуваме во патната инфраструктура. Преку таквата изградба важно за Велес е реконструкцијата која е во завршна фаза на автопатот Велес-Скопје, а напредно се гради и експресниот пат Велес-Кадрифаково“, изјави Груевски.
Премиерот посочи дека се работи на тоа што било ветено и согласно роковите, а некогаш и пред нив. Работите, како што рече, се движат во правец на нивно завршување.
Според него ова е сериозна реконструкција, сериозна градба, сериозна инвестиција и додаде дека се вложуваат огромни износи во градби или реконструкции со проширување на регионалните патишта. Тој додаде дека овој инвестициски циклус ќе трае подолго затоа што е дел од фокусот на Владата.