Едукативно предавање за болестите на зависност пред охридските гимназијалци

Ноември како месец за одбележување на борбата против болести на зависност, проследен е со низа активности за подигнување на свеста на јавноста, особено младите за штетните последици од пушењето и алкохолизмот.

На денешното едукативно предавање, Др. Соња Стурлакова- Димовска, интернист од Центарот за јавно здравје, ги запозна охридските гимназијалци со последиците на конзумирањето на штетните супстанци.

„Пушењето веќе не е тренд во развијените земји. Опасноста од развивање на зависноста од никотин е во фактот што цигарите се лесно достапни, а последиците не се видливи веднаш туку по подолг период кога е често доцна. Конзумирањето на алкохол, од друга страна надворешно се манифестира и е полесно уочливо. Македонија е во редот на медитеранските земји каде традиционално најмногу се конзумира виното, но не смеат да се заборават ни енергетските пијалоци кои се можеби и најпопуларни кај средношколската популација. Тие се рекламираат насекаде, овозможуваат будност по непроспиените ноќи. Негативни последици од нив се забрзан пулс, покачен крвен притисок, а тие можат да бидат уште позасилени доколку се комбинираат со други штетни состојки. Било да се на удар белите дробови, хроничен бронхитис, или пак црниот дроб и хепатит, како можните последици за самиот конзумент, не се поштедени ни членовите на семејството на зависникот. Ризикот од семејното насилство и запоставеност на децата, е зголемен каде што има ваков зависник”– истакна Др. Соња Стурлакова- Димовска.

Охридската гимназија така, активно се приклучува на кампањата, организирана од Црвен крст од Охрид.

Планирани се вакви превентивни активности  и во наредниот период.

Predavanje protiv zavisnosti protiv zavisnosti2 protiv zavisnosti3