Следната недела на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе се прикажува филмот „Татко“ во режија на Висар Морина.
Почетокот на филмот е закажан во 20.00 часот, а влезот ќе чини 100 денари. Кино проекции ќе има од 23-ти до 29-ти ноември.
Инфо: Десет-годишниот Нори и неговиот татко заработуваат за живот преку продажба на цигари во периодот пред војната на Косово во 1990-тите. Неговата мајка го остави семејството и неговиот татко сака да бараат подобар живот во Германија. Нори е освоен од страна на постојан страв дека татко му ќе го остави. Уништен, а сепак решен, момчето тргнува на долгo и опасно патување, очајни да се собере со човекот кој го напуштил…