Македонија домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET

Институтот за јавно здравје на Република Македонија е домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија), како активен член во проектот, подржан од Европска Унија, под научно водство на ЕЦДЦ (Европскицентар за контрола и превенција на болести). Организатор на овој проект е Институт за здравје Карлос III, од Шпанија.

Конференцијата на која ќе присуствуваат Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, високи претставници на FIIAPP-ISCIII (Институт за јавно здравје КарлосIII – Шпанија) и Европскиот Центар за контрола и превенција на заразни болетси, претставник на Министерството за здравство на РМ и претставници од факултетот за Медицина, ќе ја отвори директорот на Институтот за јавно здравје на РМ, асс. Шабан Мемети, кој воедно е и национално контакт лице за Македонија.

Свеченото отворање на дводневната конференција е на 18 ноември во ХолидејИн во Скопје и на неа се очекува да учествуваат над 180 странски експерти. Презентации ќе имаат и претсавници на Институтот за јавно здавје од областа на епидемиологијата.

MediPIET е проект финансиран од Европската Унија во рамките на иницијативата на CBRN центри за извонредност, што го го води конзорциумот FIIAPP-ISCIII, со научно раководство на ECDC. Во проектот кој стартуваше во 2012 година се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион, и ќе трае до 2017 година.

Република Македонија, преку Институтот за Јавно Здравје на РМ е избрана како еден од четирите Пилот- Центри за обука на професионалци од областа на интервентната епидемиологија. Целта на MediPIET е создавање на стручен кадар на доктори од областа на интервентната епидемиологија преку двегодишна тренинг програма, но и тренинг курсеви за континуирана едукација на епидемиолози и доктори.

Медитеранската Програма за Интервентна епидемиологија (The Mediterranean Programme for Intervention Epidemiology Training – MediPIET) е основана за да се зголеми здравствената сигурност во Средоземниот регион преку зајакнување на капацитетите за превенција и контрола на заразнит еболести. Главната цел на програмата е воспоставувањето мрежа на експерти во областа на епидемиологијата, кои меѓусебно ќе ги споделат искуствата и најдобрите практики за мобилизација во случај на меѓугранични епидемии и кризни состојби.

MediPIETе дизајниран за да ја подобри безбедноста во здравството во регионот на Медитеранот преку поддршка за градење на капацитети за спречување и контрола на природни или вештачки закани по здравјето предизвикани од заразни болести и други ризици и создавање Програма за одржлива обука на полето на интервентната епидемиологија.