Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.3%, а кај аутпутот е
намален за 2.8%.
Во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за
инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5.
Во делот аутпут, во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.5.