Заменик министерот Чавков на неформален министерски состанок посветен на актуелните миграциски токови

Денес, во Брдо при Крањ, Република Словенија се одржa неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, посветен на проблематиката на менаџирање на миграциските токови.

На оваа неформална средба, како шеф на делегација на македонското МВР учествуваше заменик министерот м-р Митко Чавков, придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска и помошникот на директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски.

На состанокот на кој што свое излагање имаше и заменик министерот Чавков, покрај презентирањето на актуелните состојби со мигрантите во секоја од земјите пооделно, фoкусот беше ставен на натамошното продлабочување на оперативната соработка меѓу земјите на трасата на миграцискиот бран, како и околу активностите што треба да се превземат на тој план.