При контрола на турски автобус извршена во близина на Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со злато.
Утрово за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопрел автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истамбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.
Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е пренапатен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, под компресорот за клима уредот, во држачот за истиот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 опаковки со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 кг.
Македонски државјанин кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово.
Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.