Министерството за внатрешни работи на Република Македонија претставувано од страна на Државниот секретар во Министерството, Анастасија Илиеска и Амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш денес потпишаа Декларација за донација од Владата на Чешката Република во насока на обезбедување на соодветен хуманитарен третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија.
Донираната материјалната помош се состои од 2 генератори за струја, 10.000 ќебиња, 5000 мантили за дожд, 4880 изотермални фолии, 500 термални подлоги за вреќи за спиење, 500 навлаки од вреќи за спиење, 500 вреќи за спиење, и е доставена со 3 камиони со приколки и еден камион без приколка. Ова претставува втора донација од Чешката Република, која заедно со претходната, има вкупна вредност од 125 илјади евра.