Од МВР информираат дека изминативе 24 часа состојбата на северната граница во прифатниот центар Табановце е мирна. Пристигнати и заминати се вкупно 2715 мигранти. За периодот од 24 часот по полноќ до 08 часот утринава пристигнати се 45 лица, а издадени се 12 потврди за азил. Моментално во кампот се наоѓаат 280 лица.
Во прифатниот Центар на јужната граница во Гевгелија состојбата, исто така, е стабилна. До овој момент во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат, а од грчка страна има околу 2000 лица.
Напоменуваат дека овие бројки се менуваат постојано.