Украден бронзен свешталник од црквата „Св.Димитрија“ во Октиси

Непознат сторител извршил кражба во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси и одзел еден  бронзен свешталник. Кражбата е извршена кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец по претходно насилно отворање на влезната двокрилна врата од црквата лоцирана во месноста „Браној“ атар на селото Октиси.

Откако влегол во внатрешноста на црквата, засега непознатиот сторител извршил пребарување низ црковните простории по што противправно го одзел бронзениот свешталник.

На лице место извршен е увид а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.