Средба на Mинистерот Спасовски со Амбасадорот на Велика Британија

Денеска Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одржа протоколарна средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет.

Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава, и ги истакна своите заложи како Министер за доследно почитување на законитоста и професионалноста во работата на вработените лица на Министерството, воопшто во сите прашања во надлежност на полицијата, а особено од аспект на одржување на предизборниот и изборниот процес во претстојните парламентарни избори. Тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза и промената на политика на земјите на северот, потенцирајќи дека Република Македонија презема се што е во нејзина моќ за да ја осигура безбедноста на своите граѓани, но и хуман третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија.

sredba 2011015