Дождот ќе почне попладнево. Утре пороен дожд во западните и крајните источни делови.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
1 Берово, 2 Струмица, 4 Скопје, Битола, Кр. Паланка, 5 Куманово, 6 Пожар, Гевгелија, Штип, 7 Пожаране, Лазарополе, Крушево, 8 Маврово, Ѓуриште, 10 Тополчани, Прилеп, Тетово, Претор, 11 Охрид, 12 Д. Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.
1 во Лазарополе
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, во крајните западни делови со повремени врнежи од дожд кои во ноќнте часови ќе се прошират насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне од 15 до 20 степени.
Скопје променливо облачно во ноќните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засиле ветер од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе достигне до 16 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладнето во западните и крајните источни делови на места ќе бидат пообилни и ќе имаат пороен карактер (над 20 л/м2). Попладнето ќе се спушта постудена воздушна маса од север, што ќе создаде услови на повисоките планини во северозападните делови од земјава да има и повремен снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70км/час.
Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени.
Извор: Нет Прес