Света архиерејска литургија за празникот „Преподобна Матрона“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.