Учениците од Бреинобреин учеа за отстранување на електронски отпад

Учениците кои ја следат едукативната БРЕИНОБРЕИН програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини, денес имаа единствена можност, од претставници на Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“, да се запознаат со постапките за отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина, со акцент на електрична и електронска опрема и отпадни батерии.

Најмладите и практично можеа да го отстранат електронскиот отпад и отпадните батерии кои ги донесоа од своите домови или најдоа во своето опкружување, со ставање на истите во специјални посади за складирање на отпад. Благодарение на Друштвото „НУЛА ОТПАД“, една таква посада за прибирање на отпадни батерии од денес ќе биде поставена и во просториите на Црвен крст Охрид.