Победа за „АВ Охрид“ на гостувањето против „Тетекс“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа нова победа во Втората македонска лига. Овој пат, охриѓани гостуваа во Тетово, против тимот на „Тетекс“.

Како и на претходните натпревари, така и на овој натпревар, КК „АВ Охрид“ прикажа одлична игра и успеа убедливо да го совлада тимот на „Тетекс“ со разлика од 30 кошови (Тетекс 65-95 АВ Охрид).

И по оваа петта по ред победа, тимот на „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората машка кошаркарска лига.

WebOhrid