Отслужена света литургија за празникот Преподобна Матрона Цариградска

По повод празникот посветен на Преподобна Матрона Цариградска – Св. Петка, во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.