По невремето зголемени активностите на ЈП „Охридски Комуналец“

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“.

Денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од Општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м3 отпад.

Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите јавни површини во централното градско подрачје, иноформираат од претпријатието.