Учениците од посебните и редовните паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“ учествуваа на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“- ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА 2015 во Драмски театар во Скопје. Овој фестивал за прв пат се одржува кај нас со интенција да прерасне во традиција, а има натпреварувачки карактер. На фестивалот учествуваат групи од цела Македонија, а најдобрите три пртстави во Април ќе се пртстават во Македонскиот Народен Театар и ќе продолжат да се натпреваруваат на национално ниво.
„Нашето училиште се претстави со „Легенда за Охрид“ и покажа дека во уметноста нема граници, нема бариери зошто сите ученици на сцената имаа иста задача – различноста не спојува во еднаквост пред публиката. А токму и карактерот на овој фестивал ја имаше задачата да покаже дека сите ние живееме под исто сонце без дискриминација на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење.“– вели директорот на училиштето Јордан Пуроски.